Агенцијата за остварување на правата на заедниците вчера во Кинотеката на Македонија го одбележа 10 декември, меѓународниот ден на човековите права со свечена мултикултурна манифестација. Директорот, Далибор Китановиќ, им се обратам на сите присутни и да упати искрена благодарност до публиката и учесниците. Еднаквост, достоинство, почитувањето и богатството на различностите ја градат заедничката иднина на сите заедници во државата.
“Односите се засноваат на четири принципи: почит, разбирање, прифаќање и ценење.“
Ние ги прифативме и сите уживавме. Јазикот е различен, но исто се смеевме.
Благодарност до учесниците меѓу кои се: Драган Спасов – Дац и Александар
Митевски, КУД „Љиљан“, КУД „Српски Вез“ – Куманово, КУД „Јени Јол“,
Љупчо Тасков – Џујапи, КУД „Бајрам Шабани“ и Ансамблот за ромски игри и
песни „Рушид Шаќир“. Со своите изведби тие ја претставија културната
разновидност на заедниците и значењето на заедништвото преку
воспоставување мостови на меѓусебно почитување.
Агенцијата им додели благодарници, а на крајот од оваа значајна вечер заеднички уживавме на скромен коктел на кој ги споделивме нашите идеи за уште поубава иднина .











