АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

АОПЗ со поддршка на OSCE Mission to Skopje  успешно ја заокружи финалната сесија од пилот-менторската програма за 2025 година

Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) со поддршка на OSCE Mission to Skopje  успешно ја заокружи финалната сесија од пилот-менторската програма за 2025 година, наменета за поддршка на младите жени од помалубројните заедници за нивно поактивно и суштинско вклучување во јавниот и политичкиот живот.


Програмата е дизајнирана врз основа на наодите и препораките од Извештајот на Мисијата на Обсе од 2024 година „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Република Северна Македонија“ и претставува директен институционален одговор на структурните предизвици и бариери со кои овие жени и понатаму се соочуваат.


Во текот на изминатиот период, десет вработени жени од Агенцијата успешно ја завршија интензивната обука за основни и напредни менторски вештини. Со стекнатите знаења и вештини, тие се подготвени да обезбедат менторска поддршка, насоки и охрабрување, придонесувајќи кон јакнење на самодовербата, лидерските капацитети и активното граѓанско учество на идните генерации жени-лидерки од заедниците.


Агенцијата за остварување на правата на заедниците и во наредниот период ќе продолжи со спроведување и унапредување на вакви иницијативи, посветена на принципите на еднаквост, инклузивност и зајакнување на улогата на жените во општеството.