Во работна посета на АОПЗ беше министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, г. Демо Бериша. Средбата беше оценета како конструктивна и значајна, со јасна заедничка визија за унапредување на партнерството меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, во духот на добрососедство и меѓусебно почитување.
Во рамки на средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на институционалниот дијалог, со посебен фокус на заштитата и унапредувањето на правата на заедниците.
Директорот на Агенцијата Далибор Китановиќ ја истакна важноста од ваквите средби, како значаен придонес кон зајакнување на довербата, регионалната стабилност и европските вредности.



