Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, имавме чест да оствараме официјална средба со Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Унгарија, г-дин Андреаш Клеин.
Средбата се одвиваше во исклучително конструктивна и пријателска атмосфера, при што беа разменети мислења за повеќе прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на положбата, унапредувањето и афирмацијата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија, вклучително и унгарската заедница.
Неговата Екселенција изрази благодарност за институционалната грижа и континуираната поддршка што унгарската заедница ја ужива од страна на Агенцијата и Владата на Република Северна Македонија, истакнувајќи ја важноста од негување на меѓусебната соработка и пријателството меѓу двете држави.
Воедно, беше потенцирана цврстата и принципиелна поддршка што Република Унгарија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на европска интеграција, при што беше нагласено дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина, како израз на искреното партнерство и заемната доверба.


