Директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ, заедно со Вицепремиерот и Министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и Директорот на Управата за образование Мирослав Тричковиќ, реализираа работна средба со Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко јакнење на жените во рамки на Влада на Република Србија.
На состанокот беа разменети мислења и искуства во однос на политиките и механизмите за унапредување на родовата еднаквост, со акцент на создавање услови за поголема економска самостојност на жените. Беше истакнато дека економското зајакнување претставува темел за нивна поактивна улога во општествениот и политичкиот живот, како и значаен фактор во превенцијата од насилство и дискриминација.
Соговорниците изразија подготвеност за интензивирање на соработката преку експертска размена, заеднички проекти и координиран настап во рамки на регионалните иницијативи. Со оваа средба се потврдува заедничката определба за градење инклузивно и праведно општество засновано на еднакви можности за сите.


