АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Координативна средба на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците со директорот на Државниот завод за статистика

Делегација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, предводена од директорот Весна Бабиќ-Петровски,оствари средба со м-р Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика.

Координативната средба беше во насока на договарање на заедничките активности за претстојниот Попис за населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2011 година, со цел да се овозможи навремено и квалитетно информирање на сите граѓани во Република Македонија.

На средбата беше договорено Заводот да обезбеди стручна помош и поддршка за кампањата на Агенцијата, под мотото “Мојата заедница, мојот дом – Mакедонија “, наменета за зголемување на свеста за правата на заедниците што се помалку од 20 % од вкупното население во Република Македонија.