АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Директорот на АОПЗ присуствуваше на презентацијата на Извештајот за спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030

На покана на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, г-дин Шабан Салиу, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, присуствуваше на презентацијата на Извештајот за проценка на спроведувањето на Стратегијата.

АОПЗ останува посветена на унапредување на еднаквите можности, зајакнување на социјалната кохезија и обезбедување целосна инклузија на ромската заедница во сите сфери на општественото живеење.

Преку партнерство, институционална координација и заедничко делување, продолжуваме да придонесуваме кон создавање општество во кое секој граѓанин има еднакви права, можности и достоинствено место.

Република Северна Македонија треба да биде пример дека различноста е вредност што обединува.