АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

АОПЗ присуствуваше на одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на централната манифестација по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, организирана од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, г-дин Шабан Салиу.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потврда за заложбите за унапредување на правата, достоинството и положбата на ромската заедница, како и за градење инклузивно, праведно и еднакво општество за сите граѓани.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува доследна во својата мисија за промовирање на еднаквите можности, зајакнување на институционалната соработка и обезбедување целосно почитување и заштита на правата на сите заедници во Република Северна Македонија.