На покана на директорката на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Центар, Скопје, г-ѓа Соња Кирковска, претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечената академија по повод значајниот јубилеј – 190 години од постоењето на ова реномирано училиште.
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ претставува едно од ретките училишта во Скопје во кое се реализира настава на српски, босански и влашки наставен јазик, давајќи значаен придонес во зачувувањето и унапредувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет на овие заедници во Република Северна Македонија.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците континуирано работи на информирање и охрабрување на припадниците на заедниците за нивното законско право на следење редовна или изборна настава на својот мајчин јазик, како едно од основните права во процесот на зачувување на идентитетот, јазикот и културата.
По повод овој голем јубилеј, упатуваме искрени честитки до директорката, наставниот кадар, учениците и до сите генерации кои во изминатите 190 години биле дел од ова училиште, со желби за уште многу успеси, напредок и нови значајни јубилеи.



