АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Честит 23 Мај – Денот на Влашката заедница во Република Северна Македонија

На сите припадници на Влашката заедница им го честитаме претстојниот празник 23 Мај – Денот на Влашката заедница во Република Северна Македонија, со желби за добро здравје, напредок, благосостојба и зачувување на богатото културно и јазично наследство за идните генерации. 🇲🇰🤝🏻

По тој повод, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, даде интервју за Влашката редакција при МРТВ.

Во разговорот беше истакната важноста од зачувувањето и негувањето на влашкиот јазик, културата и традицијата, како нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на Република Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен и на улогата на институциите во создавање услови за рамноправност, видливост и активно учество на помалубројните заедници во општествениот живот.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на унапредување на правата, афирмацијата и поддршката на сите заедници преку конкретни политики, проекти и соработка со медиумите и граѓанскиот сектор.