По повод 21 Мај – Меѓународниот ден на културната разноликост, дијалог и развој, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, присуствуваше на свечената културно-уметничка програма организирана од Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците и Управата за образование, како органи во состав на Министерството за односи меѓу заедниците.
Преку настапите на културно-уметнички друштва од сите заедници во државата беше претставено богатото културно наследство кое ја прави Република Северна Македонија препознатлива по својата разновидност, традиција и заедништво.
Настанот претставуваше силна порака за значењето на културната разноликост, меѓусебното почитување и дијалогот како основа за градење стабилно, инклузивно и кохезивно општество.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на афирмација и поддршка на културната разновидност, како една од најзначајните вредности на нашето мултикултурно општество.





