АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

АОПЗ присуствуваше на свечената академија по повод Денот на Влашката заедница

Денес, во просториите на Македонскиот народен театар, претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечената академија по повод 23 Мај – Денот на Влашката заедница во Република Северна Македонија.

На свеченоста свои обраќања имаа претседателот на Влашката партија, г-дин Стерео Папули, министерот за дигитална трансформација, г-дин Стефан Андоновски, како и градоначалникот на Град Скопје, г-дин Орце Ѓорѓиевски.

Во своето обраќање, претседателот Стерео Папули истакна дека овој значаен датум претставува симбол на богатото културно, историско и духовно наследство на Влашката заедница, која преку својот јазик, традиција и вредности дава значаен придонес во градењето на мултиетничкото и мултикултурното општество во Република Северна Македонија.

Националните празници на заедниците се поддржани и финансирани преку програмата на Министерството за односи меѓу заедниците, предводено од вицепремиерот и министер г-дин Иван Стоилковиќ, со цел зачувување, негување и афирмација на културниот идентитет на заедниците и унапредување на меѓусебната почит и разбирање.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на поддршка на иницијативите кои придонесуваат за зачувување на културната разновидност и зајакнување на меѓуетничката кохезија во нашето општество.