АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Работна средба помеѓу АОПЗ и Управата за заштита на културното наследство

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, оствари работна средба со директорката на Управата за заштита на културното наследство, г-ѓа Весела Честоева.

На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања поврзани со унапредувањето на правата и интересите на припадниците на помалубројните заедници во областа на културата, заштитата на културното наследство, како и зачувувањето и промоцијата на нивната традиција, јазик и идентитет.

Посебен акцент беше ставен на важноста од функционирањето на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Управата за заштита на културното наследство како институции кои имаат значајна улога во градењето на инклузивно, демократско и мултикултурно општество. Воедно, беше истакната потребата од нивно понатамошно институционално зајакнување и професионализација.

Во духот на меѓуинституционалната соработка, беше договорена реализација на повеќе заеднички активности и проекти од заеднички интерес. Како прв чекор, двете институции се согласија до крајот на месецот да потпишат Меморандум за разбирање и соработка, кој ќе претставува основа за понатамошно продлабочување на партнерството.

АОПЗ останува посветена на зајакнување на институционалната соработка и креирање иницијативи кои ќе придонесат за поуспешна заштита, афирмација и промоција на културното наследство и богатата разновидност на заедниците во Република Северна Македонија.