АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Одржана нова работилница во рамки на пилот-менторската програма на АОПЗ

Во Агенција за oстварување на правата на заедниците се оддржа уште една работилница реализирана во рамки на пилот-менторската програма за 2025–2026 година, која АОПЗ ја спроведува со поддршка на OSCE Mission to Skopje . Работилницата беше посветена на осврт кон досегашниот менторски процес, размена на искуства и согледување на позитивните практики и предизвици со кои се соочуваа учесничките. Особено ме радува фактот што програмата веќе дава видливи резултати преку зајакната самодоверба, нови знаења и поголема активност на жените од помалубројните заедници. Остануваме посветени на креирање можности за личен и професионален развој, како и на унапредување на еднаквото учество на сите заедници во општествениот живот.