![]()
Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, присуствуваше на свечениот прием организиран од Амбасадата на Република Турција во Скопје, по повод 29 Октомври – Денот на Републиката на Турција, како гостин на амбасадорот Н.Е. г. Алпер Акташ.
На приемот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, институциите и јавниот живот, како и други поканети гости, со што беше одбележан овој значаен национален празник на Република Турција.
Ваквите настани се значајна можност за зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу двете држави, како и за потврдување на заедничката посветеност на унапредувањето на правата и положбата на турската заедница во Република Северна Македонија, нејзината рамноправна вклученост и активна улога во општествениот живот




