АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Посета на АОПЗ на ООУ „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане – унапредување на мултикултурализмот и еднаквите можности во образованието

Во рамките на работната посета на Општина Старо Нагоричане, го посетивме и Основното општинско училиште „Светозар Марковиќ“, каде што остварив средба со директорката на училиштето, г-ѓа Стојна Арсовска Доневска.

Агенција за oстварување на правата на заедниците има воспоставено добра соработка со ова училиште, кое беше опфатено и во нашето истражувањето спроведено во текот на оваа година во областа на образованието, под наслов „Проценка на потребите и развојните приоритети на училиштата како основа за унапредување на мултикултурализмот и еднаквите можности во образованието“.

На средбата разговаравме за значењето на образованието во градењето инклузивна и мултикултурна средина, како и за потребата од создавање еднакви можности за сите ученици, без оглед на нивната етничка припадност.

Училиштата имаат особено важна улога во негувањето на соживотот, меѓусебното почитување и разбирањето на различностите, затоа поддршката на образовните институции и унапредувањето на нивните капацитети остануваат важен дел од нашата работа.