Денес, Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) ја посети делегација на Општина Демир Капија, предводена од градоначалничката, г-ѓа Наталија Димитриевска.
Посетата претставува можност за зајакнување на институционалната соработка помеѓу Агенцијата и единиците на локалната самоуправа, во насока на унапредување на правата на заедниците.

