АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Партиципативен форум – тематски состанок ,, Правична и соодветна застапеност на заедниците”

Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 02.10.2012 година во х. Арка одржа партиципативен форум на тема ,, Правична и соодветна застапеност на заедниците”.На овој форум се разгледа прашањето на соодветна и правична застапеност на сите нивоа.За таа цел беше формирана и работна група која ќе ги разгледува состојбите во идниот период.Работната група, покрај меѓународната и домашната правна рамка од оваа област ги разгледуваше и извештаите на народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2010 и 2011 година.